Барселона со 2:0 го победи Расинг Сантандер на гости и го продолжи походот во Купот на Шпанија. Расинг Сантандер, кој е лидер во Сегунда дивисион и се стреми средната сезона да игра во елитното друштво, има за што да жали на овој меч.
Гостите поведоа со голот на Феран Торес во 66-тата минута, а потоа фудбалерите на Расинг со сета сила се обидоа да израмнат. Младиот напаѓач Манех Лозано постигна два гола, но двата беа поништени поради офсајд-позиција.
Се играше 94-тата минута кога Лозано излезе сам во контранапад, овојпат немаше офсајд, а покрај него трчаше уште еден играч на домаќините. Кога дојде до голот на Барселона, Лозано требаше само да му подаде на соиграчот за да погоди во празната мрежа, но наместо тоа, тој реши да се надмудрува со голманот на Барселона, Жоан Гарсија. Лозано шутираше, а Гарсија одбрани и спречи израмнување на 1:1.
Joan Garcia save vs Racing Santander 90+4′
byu/977x insoccer
Само 30-тина секунди подоцна, Барселона во контра погоди за 2:0 преку Ламин Јамал.
По овој распет на мечот, младиот напаѓач на Расинг, Лозано, стана трагичар на дуелот. Интересно е дека Лозано во Расинг дојде само пред неколку дена, и тоа на позајмица од Басконија. Навивачите на Сантандер се многу лути поради себичноста која ја покажа, а неговиот тим го чинеше пораз од Барселона. Дел од фановите дури бараат Лозано веднаш да биде вратен од таму од каде што го доведоа пред неколку дена.
Los comentarios en la última publicación de MANEX LOZANO.
RECORDEMOS QUE TIENE 18 Y LLEVA TAN SOLO 90 MINUTOS EN TOTAL EN LA ÉLITE.
SOIS BASURA @realmadrid @realracingclub. pic.twitter.com/qWSQ0l5kKx
— Xabii 🦁 (@XabiiATH) January 15, 2026

