Вардар и Пелистер го почнаа веројатно и најголемото македонско фудбалско дерби, но на трибините нема публика колку што заслужуваат овие историски ривали.
Комитите се во солидна бројка, се чека да дојдат и битолските Чкембари, но посетата е скромна, иако за македонски услови 4-5.000 се одлична посета. Во минатото, на Вардар – Пелистер имало многу повеќе публика.
Пред точно 8 години, на 8-ми август 2017 година, на истиот овој објект беше преполно, Суперкуп меч играа Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Трибините беа преполни, сите се гордеевме со тоа што два гиганти се бореа за пехар во нашиот главен град, но треба повеќе да си го цениме и своето, за фудбалерите на терен барем на дербија како ова на Вардар и Пелистер да почувствуваат дека има за кого да играат.