Еден од најконтроверзните моменти во англискиот фудбал – Пред половина век падна голот, што не беше гол (Видео)

Накогашниот голгетер на Челзи, Алан Хадсон пред точно половина век со ударот што беше непрецизен, а беше признат како погодок на дуелот со Ипсвич ја предизвика веројатно и најголемата судиска грешка во историјата на англискиот клупски фудбал.

Хадсон упати удар, кој заврши во држачот на мрежата на голот на Ипсвич, а судијата Капи на изненадување на публиката покажа на центар.

Топката воопшто не влезе во голот на гостите, кои бурно протестираа, но за џабе, бидејќи во 1970 година немаше можност за употреба на било каква технологија за да им помогне на судиите да пресудат правилно.

 

 

- Оглас -

Најнови вести