Новак Ѓоковиќ ги прави последните подготовки пред утрешниот меч против Валентин Вашеро во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Полуфиналето ќе се игра в сабота од 10:30 часот, а Ѓоковиќ е голем фаворит.
Евантуалниот триумф над Вашеро, освен што ќе му донесе финале на Ѓоковиќ, тоа ќе значи дека Србинот ќе скокне на четвртото место на АТП листата.
На првото место е Карлос Алкараз со 11.340 поени, втор е Јаник Синер со 10.000 поени, трет е Александар Зверев со 5.930 и четврти е Тејлор Фриц со 4.645. Новак Ѓоковиќ моментално е петти со 4.580, а доколку утре го победи Вашеро, ќе се искачи на четвртото место.