Фудбалскиот дуел меѓу Бенфика и Реал Мадрид го окупира вниманието на светската спортска јавност, но за ракометните вљубеници и фановите на РК Вардар, секако, многу поважно е гостувањето на Црвено-црните во Лисабон.
Со ова стартуваат натпреварите од првото коло од главната рунда во Лигата на Европа, а Вардар ќе ѝ биде гостин на Бенфика со почеток од 18.45 часот.
Според квотите, фаворит е Бенфика, иако секогаш постои простор вардарци да изненадат со добра игра и да остварат позитивен резултат.


