Младиот 19-годишен голман Серхио Местре се најде на листата на играчи која Реал Мадрид ја објави за утрешното гостување кај Реал Сосиедад.
Инаку, Местре брани за третиот тим Реал Мадрид Ц, и првпат е повикан во првиот тим. Досега обично функцијата трет голман на Реал ја вршеше Фран Гонзалес, но тој утре треба да брани за Кастилја (Реал Мадрид Б), па не може да биде со првата екипа.
Местре првпат е повикан и ќе биде трети голман. На голот сигурно ќе биде Тибо Куртоа, додека прва резерва е Андриј Лунин кој денеска го продолжи договорот со кралскиот клуб до јуни 2030 година.
Случајот со Местре е интересен. Тој сега е во Реал, а минатата сезона беше во градскиот ривал Атлетико. Во ноември 2023, беше повикан за мечот на Јорганџиите против Лас Палмас. Малку играчи на негова возраст можат да се пофалат дека биле во првиот тим и на Атлетико и на Реал Мадрид. Местре тоа ќе го постигне оваа сабота, кога ќе биде дел од експедицијата на Реал која ќе отпатува во Баскија.