Пред седум години го погодил денот кога Меси ќе стане светски првак

Датумот 18 декември 2022 година со златни букви ќе биде запишан во историјата на аргентинскиот фудбал. Денот кога Аргентина по третпат стана светски првак, а Лионел Меси го оствари детскиот сон да го крене највредниот пехар.

За Меси ова беше второ финале, но за разлика од 2014 година, кога загубија во финалето од Германија, овојпат Гаучосите се радуваа на трофејот. Интересно е дека пред цели седум години, на еден твитер-профил е наведен датумот 18 декември 2022 година како ден кога Меси ќе стане светски првак.

„18 декември 2022. 34-годишниот Лео Меси го освојува Светското првенство и станува најголем фудбалер на сите времиња. Контактирајте ме за седум години“, стои во постот на извесен Хозе Мигуел Поланко напишан во март 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести