Пред шест години беше во Топ 3, а сега, речиси по 2.000 дена обезбеди место во едно финале

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласира во финалето на турнирот во Женева откако успеа да го победи фаворизираниот Тејлор Фриц. Димитров победи со 2:1 во сетови, и тоа откао го загуби првиот сет со 3:6, успеа да ги добие следните два со 7:5, 7:6, во меч кој траеше речиси три часа.

https://twitter.com/i/status/1662112874964058113

За Димитров ова е прво финале по пауза од повеќе од пет години. Бугарскиот тенисер кој во врвот на кариерата најдобро беше рангиран на третото место на АТП-листата, нема играно финале точно 1.923 дена.

Последната титула Димитров ја освои во 2017 година, а во кариерата има вкупно осум освоени титули. Во финалето во Женева, ќе игра против Николас Јари од Чиле, кој успеа да го изненади Александер Зверев со 7:6, 6:3.

- Оглас -

Најнови вести