Пред шест години го гризеше, а сега посакува да игра со него

Доколку Луис Суарес ја напушти Барселона и замине во Јувентус, тоа ќе биде интересен трансфер затоа што во ист тим ќе бидат двајца протагонисти на еден од најпознатите моменти кои се случија на Светското првенство помеѓу Италија и Уругвај. Тогаш Суарес во еден дуел го гризна Кјелини, за што доби голема казна и долготрајна суспензија.

Но, три години подоцна, Јуве и Барса се сретнаа во Лигата на шампионите, па Кјелини и Суарес се најдоа еден против друг. Помеѓу нив немаше никакво непријателство, напротив, Кјелини рече дека му простил и дека му се допаѓа борбениот дух на Уругваецот.

Заклучокот е дека доколку Јувентус и Суарес се договорат, Кјелини нема да прави проблем.

- Оглас -

Најнови вести