28.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Пред шест години Гвардиола му шепна побрзо да ги додава топките, вечерва детето даде гол за Сити

Манчестер сити вечерва доби два нови стрелци во својата клупска историја, а особено интересна е приказната на Мика Хамилтон, кој е роден во Манчестер и уште од деветгодишна возраст тренира и игра за Граѓаните.

Хамилтон вечерва против Црвена ѕвезда дебитираше за првиот тим на Сити и даде гол.

А, само пред шест години тој беше меѓу момчињата покрај аут-линиите коишто ја додаваат топката откако ќе излезе надвор од терен.

Се појави една снимка на која се гледа како Хамилтон добива совет од менаџерот Пеп Гвардиола побрзо да ја враќа топката бидејќи им се се брза.

https://twitter.com/i/status/1735025865929503048

- Оглас -

Најнови вести