Пред шест месеци беше во руски затвор, а сега ќе игра на олстар-натпревар

Бритни Гринер, кошаркарката на Феникс меркјури, е избрана да учествува на олстар-натпреварот во ВНБА-лигата.

Гринер сезонава постигнува по 19,1 поени и 6,4 скокa по натпревар, а ова ќе биде деветти настап на олстар-натпреварите. Годинава ол-стар-натпреварот ќе се одржи на 15 јули во Лас Вегас.

Гринер ја пропушти минатата сезона во ВНБА-лигата бидејќи помина десет месеци во затвор во Русија.

Таа беше уапсена во февруари минатата година на московскиот аеродром Шереметјево бидејќи во багажот имала патрони за електонски цигари со масло од канабис.

Поради тоа, Гринер беше осуденa на девет години затвор, но на почетокот од декември минатата година беше разменета за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

- Оглас -

Најнови вести