Пред стадионот во Милано осамна мурал посветен на дуелот на Лукаку и Ибрахимовиќ

„Лице во лице, срце во срце“ е пораката која стои покрај графитот нацртан на еден ѕид веднаш до стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а на цртежот се прикажани ѕвездите на Интер и Милан кои имаа дуел пред еден месец во Купот на Италија и за малку ќе се степаа.

Златан Ибрахимовиќ е од Милан, Ромелу Лукаку од Интер, а нивниот конфликт предизвика големо внимание во светската фудбалска јавност, и очигледно беше инспирација за артистите кои прават уметнички дела на ѕидови.

Златан и Ромелу тогаш си кажаа многу навреди и провокации, а муралот е нов и први да го видат од блиску имаа можност оние што се наоѓаат на мечот Интер – Лацио.

- Оглас -

Најнови вести