21.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Пред својот дом убиен ММА борец

Американскиот ММА борец Ајзеа Чепмен беше убиен пред својот дом во градот Акрон. Чепмен ненадејно бил нападнат и застрелан, а повредите биле фатални. Засега не се знае колку напаѓачи биле и со кој вид на оружје е убиен Чепмен.

Борецот ја започна кариерата во 2009 година, а првата професионална борба ја имаше три години подоцна. Последната борба Чемпен ја имаше минатата година, кога загуби од Патрик Микс. Во текот на кариерата овој 30-годишен борец имаше биланс од девет победи и четири порази.

- Оглас -

Најнови вести