Пред точно 10 години играше против Македонија, вечерва даде гол што може да вреди 200 милиони фунти

Ветеранот Џордан Роудс постигна гол што може да вреди 200 милиони фунти и му донесе финале на Хадерсфилд на „Вембли“ против Нотингем Форест, или Шефилд јунајтед за промоција во Премиерлигата.

Популарните Териерс го победија Лутон со 1:0 во реваншот, откако првиот меч заврши нерешено 1:1 и ќе играат на Вембли за промоција во Првата англиска лига.

Роудс кој има 37 години, пред точно 10 години играше за Шкотска против Македонија, а вечерва иконата на Хадерсфилд беше таличен за тимот и го даде единствениот гол во 82. минута.

Се чека реваншот меѓу Нотингем форест и Шефилд јунајтед, а првиот меч го доби тимот од Шефилд за да се знаат двата финалисти за последниот билет што води во Премиерлигата.

Се проценува дека финалето на „Вембли“ ќе му донесе над 200 милиони фунти на победникот, односно на новиот премиерлигаш, што е најскап бараж меч во клупските лиги на светот.

- Оглас -

Најнови вести