Пред точно 16 години Меси го даде првиот гол, а и тој беше преубав (Видео)

Лионел Меси досега постигна 668 погодоци во дресот на Барселона и со тоа е апсолутен рекордер во светот на фудбалот по бројот на погодоци постигнати на еден играч во дрес на ист клуб. Блескавата приказна на Меси во Барселона започна пред точно 16 години.

На 1 мај 2005 година, Барселона на „Камп Ноу“ играше против Албасете, во меч од 34. коло на Примера. Каталонскиот гигант водеше со 1:0, кога во 88 минута на местото на Самуел Ето влезе Меси. Аргентинскиот тинејџер веднаш го покажа целиот талент и даде гол.

По асистенција на Роналдињо, Меси со лоб удар успеа да ја затресе мрежата на Албасете и да го постави конечниот резултат од 2:0. Од тој гол до сега, Меси постигна неверојатни 668 погодоци во дресот на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести