Точно пред 19 години Милан го понижи Интер како никогаш досега во историјата (Видео)

Еден од најголемите градски дерби-дуели во светот е пресметката меѓу Милан и Интер. Ривалите кои го делат истиот стадион првпат играа во 1909 година, а досега имаат одиграно вкупно 296 натпревари. Во низата незаборавни мечеви, секако, посебно се памти тој што се одигра на 11 мај 2001 година.

Се играше 30-тото коло од Серија А, а Интер ја имаше улогата на домаќин, но Милан уште по три минути игра најави дека е подготвен за шоу. Џани Командини погоди за 1:0, а истиот играч со глава во 19-тата минута зголеми на 2:0, резултат со кој се отиде на полувреме. Овој резултат од 2:0 не беше многу спектакуларен бидејќи многупати претходно се случувало еден тим да има предност од два погодоци.

Во второто полувреме Росонерите продолжија со гол-шоуто. Федерико Гунти зголеми на 3:0 во 53-тата минута, а потоа следуваа два погодоци на Андриј Шевченко, кој беше прецизен во 66-тата и 77-мата минута. Сержињо, кој до тој момент имаше три асистенции, на крајот се запиша и во листата на стрелци во 81-вата минута. На крајот на семафорот стоеше 0:6 за Милан, што е најголем пораз во Дерби дела Мадонина.

- Оглас -

Најнови вести