Пред точно 20 години, Рој Кин стана најплатен играч во Англија, сега таа сума е смешна за ѕвездите

Со својата борбеност, пожртвуваност и истрајност, Рој Кин се стекна со приматот на легенда во Манчестер јунајтед. Ирецот дојде на „Олд Трафорд“ во 1993 година и остана таму до 2005 година, а беше еден од омилените играчи на Сер Алекс Фергусон.

Во летото 1999 година Кин беше во преговори дали да остане во Манчестер или да прифати некоја друга понуда. Црвените ѓаволи не жалеа пари за да го задржат, па на Кин му дадоа 50.000 фунти неделна плата. Со таа сума, Ирецот стана најплатен фудбалер во Англија, зад себе оставајќи ги двоецот на Њукасл Алан Ширер и Данкан Фергусон кои добиваа по 40.000 фунти неделно.

Колку за споредба, во тој период, многу попопуларниот Дејвид Бекам, во Манчестер добиваше неделна плата од 20.000 фунти. Овие суми кои ги добивале најголемите ѕвезди во Премиер лигата, сега се смешни за најдобрите играчи во англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести