Точно пред 25 години Ел Феномено го даде еден од најдобрите голови (Видео)

Меѓу најдобрите голгетери на сите времиња секако мора да има место за Луис Назарио де Лима, познат како Роналдо. Популарниот Ел Феномено блескаше во периодот од 1994 година, кога играше за ПСВ Ајндховен, па сè до 2011 година, кога ја заврши кариерата во Коринтијанс.

Роналдо е еден од ретките фудбалери кои играле и за Барселона и за Реал Мадрид. Во каталонскиот гигант одигра само една сезона, но таа беше незаборавна. Во сезоната 1996/97 година, во вкупно 49 меча, постигна 47 погодци за каталонскиот гигант.

Еден од оние кои се незаборавни е голот што го даде на дуелот против Компостела. Пред крајот на првото полувреме, Роналдо успеа да освои една топка на својата половина и тргна во напад. Нанижа дури седум противнички играчи и по 12 секунди шоу, успеа да постигне гол.

https://twitter.com/i/status/1447849833952432128

 

- Оглас -

Најнови вести