Точно пред 25 години Митко Стојковски го реши култното дерби (Видео)

Ѓурѓовден, 6 мај 1995 година, на стадионот на Црвена ѕвезда во Белград собрани 80.000 луѓе да го гледаат едно од најважните дербија во историјата, стотата пресметка на најлутите ривали Ѕвезда и Партизан. Црвено-белите победија со 2-1, а човек на натпреварот беше Митко Стојковски, врз кого беше направен пенал за изедначување на 1-1 во 79-тата минута, а шест минути подоцна даде гол за победа.

Човекот кој го даде и првиот гол за Македонија на официјални натпревари точно пред 25 години се запиша и во листата на бессмртните кај најтрофејниот српски клуб.

Кога ќе се спомене стотото дерби, прва асоцијација е Митко. Тој одигра повеќе од 100 меча во дресот на Ѕвезда, но се памети само стотото дерби. Со таа победа, Ѕвезда направи недостижна предност во трката за титулата.

Погледнете ги најинтересните моменти од тој меч:

- Оглас -

Најнови вести