Пред точно 30 години Македонија ги доби првите двајца европски фудбалски шампиони

Дарко Панчев и Илија Најдоски на денешен ден пред точно 30 години се искачија на фудбалскиот трон на Европа. Двајцата македонски фудбалери во дресот на Црвена ѕвезда беа дел од финалето во тогашниот Куп на Европски шампиони, кога на стадионот „Свети Никола“ во Бари, по подобро изведување на пенали го победија Олимпик Марсеј.

Дуелот по регуларните 90 минти заврши 0:0, а немаше голови ни по дополнителните 30 минути, па мораа да решаваат пеналите. Аморос промаши за Олимпик уште во првата серија, додека Просинечки, Биниќ, Белодедичи и Михајловиќ беа прецизни во првите четири серии за Ѕвезда.

Во клучната петта серија, Панчев ја превзема одговорноста да шутира и погоди. Македонецот со голот од пенал ја донесе европската титула на Црвена ѕвезда.

„Имав страв и трема затоа што тоа беше клучен пенал, но добро е што се заврши како што посакувавме. Пред да шутирам го видов Олмета како направи движење на едната страна и јас шутнав на другата страна“, се сеќава Панчев.

Низ историјата на македонскиот фудбал, покрај Панчев и Најдоски, до најзначајниот трофеј во клупскиот европски фудбал има стигнато само уште Горан Пандев и тоа како играч на Интер во 2010 година.

 

- Оглас -

Најнови вести