Точно пред 7 години Левандовски направи нешто што е тешко повторливо (Видео)

Ако има некој голгетерски рекорд кој во блиска иднина делува тешко достижен во Топ 5 лигите, тогаш тоа е она што го направи Роберт Левандовски на 22 септември 2015 година.

Точно пред седум години, Полјакот во дресот на Баерн Минхен за девет минути постигна неверојатни пет гола на мечот со Волфсбург.

Волфсбург по првите 45 минути водеше со 1-0, а тогаш од 51-вата до 60-тата минута на гостите им се случи „помрачување“. Главен актер беше еден ист човек, Левандовски. Потсетете се на головите, од кои последниот е најубав:

- Оглас -

Најнови вести