Точно пред една година Роналдо беше претставен во Ал-Наср и најави промена на фудбалската мапа во светот

Точно пред една година, на 3 јануари 2022, Кристијано Роналдо беше претставен како нов играч на саудискиот клуб Ал-Наср и со тоа почна ерата на безмилосно трошење на Саудијците во преодните рокови со цел нивната лига за некоја година да биде меѓу најсилните на светот.

Во клубови од Саудиска Арабија играат и Нејмар, Карим Бензема и други ѕвезди и познати имиња на светскиот фудбал, но Роналдо беше „пионерот“ кој прв повлече нога и реши да премине во клуб од таа дотогаш неатрактивна лига. По Роналдо, многумина тргнаа по патот на парите и не им е проблем што нема да играат во Европа.

Државата им додели огромна сума на клубовите за купување играчи, па трендот на ѕвездени засилувања за саудиските клубови ќе продолжи. Сепак, да не беше храбрата за многумина и чудна одлука на Роналдо, веројатно немаше да се случи тоа што сега се случува, и не само ветерани, туку и млади играчи потпишуваат за клубови од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести