Репрезентативецот на Шпанија, Микел Мерино, пред само три дена направи трансфер од Реал Сосиедад во Арсенал, но веднаш се повреди. Според зборовите на тренерот на „топчиите“, Микел Артета, тој се повредил уште на првиот тренинг и сега го очекува неколкумесечна пауза.
„Мерино вчера го повреди рамото. Неколку седмици ќе биде надвор од теренот. Тоа е навистина лоша среќа. Мерино падна на земја, а преку него и Габриел. Изгледа дека има мала скршеница. Имаше болки, мора да направиме уште тестови за да дознаеме колку ќе мора да паузира.“ – рече Артета за клупскиот сајт.
Арсенал за услугите на Мерино плати 32 милиони евра.