Американскиот репрезентативец Сержињо Дест не се наоѓа во плановите на Чави Ернандес за следната сезона и ќе си замине од „Камп Ноу“ и тоа најверојанто во Премиер лигата.
Пред три години, за неговиот потпис војуваа Барселона и Баерн Минхен, каталонскиот тим излезе како победник, но Дест разочара со игрите. Две сезони не успеа да се наметне како стандарден првотимец, минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, но и таму не воодушеви со игрите.
Сега Чави му порача дека може да си бара нов клуб за следната сезона, и следна дестинација на Дест би требало да биде Премиер лигата, но ниту еден од гигантите не пројавува интерес.
Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека најзагреани за Дест се лондонските Фулам и Кристал Палас. Сумата која Барселона ја бара за Дест е 10 милиони евра, дури 16 милиони помалку од тоа што каталонскиот тим му го плати на Ајакс пред три години.