Пред три месеци играше во кал и работеше во пекара, а сега дебитираше во Примера дивисион

Абдулаи Јума Бах е име кое ниту наголемите фудбалски фанатици го немаа сретнато и беше непознато, се до вчера, кога се одигра дуелот меѓу Валјдолид и Сосиедад. Бах кој има само 18 години дебитираше и тоа како стартер во тимот на Валјадолид, каде доминантен сопственик е легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо.

Фактот дека еден тинејџер дебитираше на меч во Топ 5 лигите не е многу значаен бидејќи тоа се случува речиси секој викенд, но важна е животната приказна на овој 18-годишен играч.

Како и многу деца кои сонуваат да станат професионални фудбалери во најсилните лиги, така и Бах започнал во родниот град Фритаун, кој е главен град на Сиера Леоне. Прво играл со другарите на улица, а потоа станува дел од фудбалската школа Џајант оф Фритаун Академија. Потоа на 15 години бил забележан од еден агент кој го препорачал во екипата на АИК Фритонг, кој е дел од третата лига во западноафриканската земја.

Потоа Бах бил забележан од неколку прволигашки екипи во Сиера Леоне и заминува на позајмица во тимот на СЛИФА. Тренирањето со постари и поискусни од него го направи Бах да биде посилен и да научи повќе фудбалски тајни.

Во март 2023 година за прв пат Бах заигрува на европско тло и тоа како дел од познатиот турнир за млади таленти во Вијареџо (турнирот каде што блесна и Горан Пандев пред речиси две и пол децении). Талентираниот 195-годишен стопер играше за тимот на Калон, а играше против Пиза, СПАЛ и Хонвед. Тука бил забележан од неколку европски скаути.

На 17 години прв пат добива повик и од селекторот на Сиера Леоне за пријателските дуели против Бенин и Сомалија, а потоа и во квалификациите за СП 2026 против Етиопија и Египет.

Пред неколку месеци, спортскиот директор на Валјадолид Димонго Катоир го повикува да биде дел од шпанскиот прволигаш. Тинејџерот заминува од Сиера Леоне каде играше на калливи терени, а кога не беше со фудбалот, работеше во пекарата на неговите родители.

По само неколку меча одиграни за младинската селекција на Валјадолид, Бах вчера доби шанса да заигра во сениорскиот тим и блесна.Тинејџерот беше најдобро оценет играч во Валјадолид кој одигра без голови против Сосиедад.

Сега на Бах останува да напредува и да се обиде да стане дефанзивец кој можеби еден ден ќе заигра и во некој европски гигант.

- Оглас -

Најнови вести