Пред згаснување е клубот во којшто играле Модриќ, Чорлука, Солдо, Едуардо, но и нашите Несторовски и Трајковски

Интер Запрешиќ е клуб со големо историско значење за хрватскиот фудбал. Тоа е клубот кој во 1992 година го освои првиот фудбалски Куп во независна Хрватска. Во 2005 година Интер Запрешиќ беше и вицепрвак во првенството, а сега се натпреварува во второто по ранг натпреварување, но прашање е дали ќе има сили да ја започне новата сезона.

Според најавите од хрватските медиуми, во екипата останале само четворица или петмина фудбалери под договор, а немаат ни доволен број младински фудбалери. Речиси и никој да не зборува за старт на подготовки.

Освен што се работи за освојувач на првиот трофеј во независна Хрватска, тоа е клуб во којшто своевремено играле фудбалери кои станале големи ѕвезди. Дресот на Интер Запрешиќ го носеле Лука Модриќ, Ведран Чорлука, Звонимир Солдо, Дејан Ловрен, Едуардо, како и македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.

- Оглас -

Најнови вести