Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски, ќе биде во стартните 11-мина кај Жирона за вечерашниот дуел од 21 часот против актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид.
Миовски има изјавено дека од дете е навивач на Реал, а вечерва првпат во кариерата ќе се сретне со Кралскиот клуб и тоа ќе биде огромен предизвик за него, и ќе се обиде да го совлада Тибо Куртоа.
Миовски сезонава има два гола во Ла Лига, двата неодамна кон крајот на ноември против Еспањол. Тој се наметнува кај тренерот Мичел, сè почесто е стартер кај Жирона, што е добра вест и за македонскиот селектор Благоја Милевски.