Американската пливачка Кети Ледецки, која е петкратна олимписка и 15-кратна светска шампионка, а и светска рекордерка на 400, 800 и 1.500 метри, на социјалните мрежи објави снимка на која се гледа како во базен плива со полна часа со млеко на главата. Таа предизвикува и други да се обидат, но не е само да се плива со полната чаша, туку треба и да не ви се преврти.
Ледецки која има 23 години, пливаше толку мирно и успешно одржуваше рамнотежа, што ниту една капка од млекото не капна во базенот. Погледнете како тоа го прават најдобрите:
https://www.youtube.com/watch?v=1GhTMrCzzhY