Предизвик за Џани: Против рекордерот на Наполи во големото турско дерби

Галатасарај со двоен ангажман се засилува со белгиската ѕвезда Дрис Мертенс, како и уругвајскиот играч за врска Лукас Тореира.

Турскиот гигант успеа да го убеди рекордерот на Наполи со 148 гола да потпише едногодишен договор, со опција истиот да се продолжи на уште една година. Трансферот на Тореира од Арсенал, ќе изнесува меѓу 6 и 7 милиони евра плус бонуси, а фудбалерот потпишува тригодишен договор.

Доаѓањето на Мертенс во турскиот шампионат ќе значи посебен предизвик за Езѓан Алиоски, новиот член на Фенербахче. Македонскиот репрезентативец ќе има прилика да ги одмери силите во првото големо дерби на Фенер и Галата кое е закажано на 8 јануари 2023 година, во рамките од 18-тото коло, додека реваншот е предвиден за претпоследното коло на 21 мај идната година.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1555988229983277058

- Оглас -

Најнови вести