Предизвик за Вардар, ќе ја продолжат ли Црвено-црните серијата без пораз и против Шкупи

Денеска ќе се одиграат првите два натпревари од 25-тото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат денес. Во фокусот ќе биде дуелот помеѓу поранешните шампиони Шкупи и Вардар кој ќе се игра на стадионот „Чаир“.
Двете екипи дуелот го дочекуваат во спротивно расположение, Шкупи е втор на табелата со три бода помалку од лидерот Струга ТЛ, додека Вардар е десетти со еден бод помалку од безбедната зона.
Вардар се наоѓа во одличен ритам и на последните три меча има две ремија (1:1 против Шкендија и 0:0 против Гостивар) и една победа (1:0 против Работнички) и дуелот со поранешниот шампион ќе претставува вистински предизвик за Црвено-црните.
Сезонава овие два тима веќе двапати играа меѓу себе и на двата меча бодовите ги освојуваше Шкупи (2:0 и 1:0).
Според квотите во Sport Life, Шкупи како фаворит влегува во мечот со квота од 1.73 за победа, додека победата на Вардар има квота од 4.45. Нерешениот исход на стадионот во Маџари има квота од 3.10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести