Предизвикувачко коло на Спортска прогноза со повеќе саботни од неделни мечеви

Иако поминаа само 24 часа од отворањето на терминот за типување на 13-тото коло на Спортска прогноза, голем број прогнозери веќе се изјаснија и учествуваа во бесплатната игра на Sport Life и Спортманија.

Во основната понуда се 13 натпревари од најквалитетните пет европски фудбалски лиги, а седум меча се играат в сабота. Типувањето за ова коло трае до сабота во 15.30 часот, кога почнуваат три бундеслигашки мечеви коишто ги има во понудата.

Најголемо внимание привлекуваат премиерлигашкото дерби Тотенхем – Њукасл, како и бундеслигашките дуели Борусија Дортмунд – Лајпциг и Штутгарт – Баер Леверкузен.

Засега процентите велат дека малку над половина прогнозери типувале победа на Тотенхем, Борусија е огромен фаворит со 74 отсто типови за кец, додека 68 отсто веруваат дека Леверкузен ќе продолжи со победите.

За погодена 13-ка, подарокот сами можете да си го одберете. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат вредносен ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести