Вчера почна типувањето за 26-тото коло сезонава на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, а играчите може да ги пополнат своите типови на нови 13 натпревари, плус два резервни пара до сабота во 15.30 часот.
Целта е да се дојде до подароци од Sport Life, а и предизвик е да се погодат исходите на 13-те меча од основната понуда, меѓу кои има неколку големи дербија.
Во понудата е премиерлигашкото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, засега 60 проценти од тие што се изјасниле типуваат победа на гостите. Огромна предност му се дава на Јувентус против Фиорентина, а посебна убавина на колото му даваат трите градски дербија.
Тука е римското дерби помеѓу Рома и Лацио, засега многу повеќе играчи типувале на Волчицата, а изненадувачки мал е бројот на прогнозери кои мислат дека ќе победи Лацио. За лисабонската пресметка, многу повеќе шанси му се даваат на Спортинг отколку на Бенфика, а над 50 проценти веруваат и дека Ренџерс ќе ја добие битката за Глазгов против Селтик.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе погодат 12 меча, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со 11-ка и две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!