Во шеснаесеттото коло на Спортска прогноза нема да има добитници на главната премија бидејќи ниту еден не успеа да ги погоди шесте саботни мечеви, но седуммина прогнозери погодија пет од вчерашните шест меча и се во игра за ваучер од 1.000 или од 500 денари доколку ги погодат сите седум денешни меча, или евентуално промашат само уште еден.
Денеска ќе се играат седум натпревари, а предлот предлог замислениот има одлична квота од 554.14.
Фросиноне го пречекува Калјари и прогнозерите му даваат 54 отсто шанси да победи. И Осасуна која пред своите гледачи го пречекува Хетафе има голема доверба кај прогнозерите, 64 отсто сметаат дека ќе ги освои бодовите.
Голема е довербата дека Вест хем дека како гостин ќе го победи Шефилд јунајтед. Дури 77 отсто од прогнозерите сметаат дека Чеканите ќе ги освојат бодовите. Во Олимпик Марсеј веруваат 54 отсто од прогнозерите дека ќе победи на гости кај Рен во рамки на Купот на Франција. На нула мирисаат дуелите Емполи – Монца, Клермон – Стразбур и Салернитана – Џенова.
Замислениот тикет според прогнозите би изгледал вака:
3003 Фросиноне – Калјари 1 2.40
1306 Осасуна – Хетафе 1 2.23
1003 Шефилд јун. – Вест хем 2 2.20
3005 Емполи – Монца Х 3.20
2887 Клермон – Стразбур Х 3.15
3004 Салернитана – Џенова 1Х 1.61
2888 Рен – Олимпик Марсеј 2 2.90
Вкупен коефициент: 554.14