Во осмото коло на Спортска прогноза нема да има добитници на премијата бидејќи 15 прогнозери погодија шест од вчерашните осум меча, но награда може да ви биде ако составите тикет по мислењето на мнозинството играчи и тој испадне добитен. Вкупната квота за петте меча изнесува 92.71.
Двете шпански пресметки, Алмерија – Лас Палмас и најголемото фудбалско дерби на светот меѓу Барселона и Реал Мадрид, дуелот од Бундеслигата меѓу Аугсбург – Волфсбург како и тој од Серија А меѓу Лече и Торино, се виновници зошто ниту еден играч на Спортска прогноза не е во игра за добивка на главната награда.
За денеска останаа да се одиграат уште пет меча меча од основната понуда.
Ако треба да им се верува на мнозинството прогнозери, апсолутен фаворит за победа е Манчестер сити, а интересно е што на дуелите од Лига 1, меѓу Лил – Монако и Мец – Ле Авр, најчестиот тип е дека мечот ќе заврши без победник.
Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:
2864 Лил – Монако Х 3.60
2861 Мец – Ле Авр Х 3.10
1463 Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад Х 3.00
1112 Манчестер јун. – Манчестер сити 2 1.72
3711 Наполи – Милан Х2 1.61