Во дванаесеттото коло на Спортска прогноза нема да има добитници на главната премија бидејќи 13 прогнозери погодија пет од вчерашните шест меча, но во игра се за ваучер од 1.000 или од 500 денари доколку ги погодат сите седум денешни меча, или евентуално промашат само уште еден.
Денеска ќе се играат седум натпревари, а предлот предлог замислениот тикет на играчите кои останаа во игра за ваучерите има одлична квота од 147.
Играчите на Спортската прогноза се одлучија предност да им дадат на екипите на Феенорд, Лече, Вест хем, Тулуз. За дербито меѓу Наполи и Интер сметаат дека ќе заврши без победник, за дербито во Ла Лига меѓу Барселона и Атлетико Мадрид се неодлучни помеѓу нерешено и победа на каталонскиот тим, а за мечот меѓу Мајнц и Фрајбург се сигурни дека нема да заврши нерешено.
Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:
1635 Феенорд – ПСВ 1 2.15
3005 Лече – Болоња 1 2.95
1009 Вест хем – Кристал п. 1 2.05
1708 Тулуз – Лориен 1 2.05
1807 Мајнц – Фрајбург 12 1.29
3612 Наполи – Интер Х 3.40
1360 Барселона – Атлетико М. 1Х 1.26