Предлозите во Квоти на денот се супер примамливи, а најмалиот коефициент изнесува 2.00

Петте натпревари што денеска се дел од Квотите на денот доколку ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 67.36.

Фенербахче е апсолутен фаворит во дуелот со Коњаспор и предлогот на Sport Life е да одиграте на „кец во кец“ и средбата да заврши со два до шест постигнати гола. Квотата за оваа игра е најголема и изнесува 2.60.

Лацио има добра шанса да скокне на третото место на табелата во Серија А доколку ги освои бодовите на гостувањето во Верона. За играта Х2&ГГ, квотата изнесува 2.45.

Во последниот натпревар во Серија А играат Монца и Сампдорија и тука се очекуваат голови. Квота од 2.25 се добива ако одиграте дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Рајо Валјекано ја пречекува Алмерија и има добра шанса да ги освои бодовите. Тимот на Столе Димитриевски не треба да загуби и да бидат постигнати помеѓу два и четири гола, што се вреднува со коефициент од 2.00.

Во Португалија, денеска игра третиот најтрофеен тим, Спортинг Лисабон, од кого се очекува победа во натпревар на кој треба да има голови. За триумфот на Спортинг на гостувањето кај Рио Аве да биде изразен со најмалку три гола на мечот, квотата изнесува 2.35.

- Оглас -

Најнови вести