Предмети на Коби Брајант ќе се продаваат на аукција

Дресови кои легендарниот Коби Брајант ги носел за време на натпревари ќе се продаваат на аукција во април годинава, на свечена вечера под организација на „Џулиен окшнс“. Останати предмети со сентиментална вредност како патики со негов потпис и отпечаток на неговата дланка во гипс која Коби ја остави при влез во кинеската Куќа на славните исто така ќе бидат понудени на продажба.

Во прашање се два дреса. Едниот е со бројот 8, кој Коби го носеше во финалната серија во 2000 година, кога Лејкерси против Индијана пејсерс ја освоија првата од трите последователни титули. На дресот има и црна лента, која НБА-играчите таа година ја носеа во чест на Вилт Чембрлен, кој почина истата сезона.

Вториот дрес е од 2007 година со бројот 24 на Брајант. На патиките покрај потписот на Коби, има потписи и на други ѕвезди на Лејкерси, како Пау Гасол и Рон Артест.

- Оглас -

Најнови вести