1720 Оксер – Гренобл (20:45ч, Лига 2)
Оксер минатата сезона за малку не влезе во разигрувањата за враќање во француската елита, па со првата овосезонска победа најави дека сега ќе се бори многу повеќе за да се врати меѓу најдобрите екипи. Во ланските меѓусебни дуели против Гренобл се дела бодовите при ремија од 2-2 и 1-1, па време е Оксер по пауза од две и пол години конечно да освои три бода против оваа екипа.
Пред двете ремија, Оксер и Гренобл играа натпревари во кои која било од двете екипи редовно ја чуваа мрежата празна, но сега ќе остварат мини-серија, односно во трет меч во низа ќе се вади топката од двата гола.
Предлог тип: 1X & ГГ (2.30)
2705 Интер Турку – Хонка (17:30ч, финска Прва лига)
Интер им се врати на победите откако во три меча претходно освои само два бода, а веројатно и денес ќе триумфира за одржување на позитивниот биланс во меѓусебните дуели против Хонка.
Овие две екипи само еднаш ремизираа без голови во последните пет средби, паметат и реми од 1-1, додека Интер славеше во останатите три со просек од речиси два погодоци.
Предлог тип: 1X & T12+ (2.11)
3209 Ахмат Грозњи – Сочи (19ч, руска Премиер лига)
Ахмат е без победа во вкупно шест меѓусебни дуели против Сочи, од кои четири се во првенството, додека гостите се во серија од три последователни победи против тимот од Грозњи.
Со овој дуел ќе се комплетира второто коло во руската Премиер лига, во кој нема да биде изненадување доколку Сочи ги освои првите бодови и се поправи по поразот од Нижњи во воведното коло. Ако се земат во предвид минатите средби, речиси сигурно е дека ќе падне барем еден гол на средбата.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.45)
2605 АИК Стокхолм – Халмштад (19ч, шведска Прва лига)
Едно е сигурно, реми без голови нема да се случи бидејќи речиси две и пол децении АИК и Халмштад редовно си ги красат дуелите со барем еден гол, а во три од последните пет меча добитен бил типот ГГ3+.
Домаќините целат на шеста победа во низа против Халмштад со која може да избие на третото место на табелата во шведското првенство и делумно да се приклучи во трката за титулата заедно со Малме и Ѓургарден.
Предлог тип: 1 & 1+ прво (2.35)
1245 Килмарнок – Ајр јунајтед (20:45ч, шкотски Премиершип)
Воведното коло во шкотското првенство треба да се комплетира со победа на Килмарнок ако се игра на картата дека домаќините на свој терен ќе го одржат перфектниот учинок против Ајр.
Во четири од вкупно седум меѓусебни дуели победник се решавал со еден гол, но бидејќи е воведно коло од новата сезона, надежите се дека двете екипи ќе се потрпат на нападите.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.74)