Предобар е за ова првенство: Штикла на Мбапе, и Нејмар стрелец за ПСЖ (видео)

Мбапе и Нејмар ја донесоа победата од 2-0 против Нант, која за ПСЖ е 12-та сезонава во домашното првенство. Брзоногиот француски репрезентативец вечерва беше во улога на најистурен напаѓач пред Кавани и Икарди и одлично се снајде.

Мбапе направи вистинска мајсторија откако го проследи проигрувањето од Ди Марија. Со пета ја зафати топката и го оневозможи противничкиот голман. Домаќините добија најстрога казна во своја корист во последните неколку минути од средбата, Нејмар реализираше од белата точка за конечни 2-0.

https://youtu.be/gyBIp6fs-hI

- Оглас -

Најнови вести