Предупредување од австралиски лекар за Ѓоковиќ: Само еден погрешен чекор може да му донесе големи проблеми на Новак

Докторот Питер Ларкинс смета дека Новак Ѓоковиќ не симулира проблем со повреда на ногата и предупредува дека ситуацијата може да се влоши доколку направи само еден погрешен чекор.

„Нема потреба некој да се сомнева во повредата на Ѓоковиќ. Веројатно постои нешто со тетивата на коленото. Тој е само на еден погрешен чекор од тоа да му се случи нешто сериозно“, изјави докторот Ларкинс.

И поранешниот гренслем-шампион, Пет Кеш, смета дека Ѓоковиќ не симулира и дека мора да биде внимателен во наредните мечеви.

„Само еден чуден потег или ако погрешите и скокнете, а повредата не е залечена 100 отсто, тогаш постои ризик. Нема сомнежи дека постои опасност дека би можел нешто да направи во следните мечеви. Тоа би можело да биде некој чуден потег по кој би морало да се повлече од турнирот освен доколку не игра во финалето“, вели Кеш.

Поранешниот австралиски тенисер изјави и дека Ѓоковиќ е максимално посветен на рехабилитацијата и тоа му помага да се справува со повредите.

„Познато е дека Новак користи хипербарна комора која му помага во лекувањето. Тоа е паметен потег. Исто така, Новак постојано истражува, се обидува со различни методи и пронаоѓа решенија кои му помагаат во рехабилитацијата. Тој троши часови и часови на рехабилитација“, додава Кеш.

Новак Ѓоковиќ утре од 9.30 часот ќе го започне мечот против Андреј Рубљов во рамките на четвртфиналето од Отвореното првенство на Австралија.

- Оглас -

Најнови вести