Навивачите од целиот свет кои планираат да бидат во Катар за време на Светското првенство во фудбал, треба да знаат дека нема да им биде забавно како во Европа или јужноамериканска земја, бидејќи има некои строги правила кои мора да се почитуваат.
Секој навивач што ќе се обиде да прошверцува или користи дрога, ќе се соочи со парична и затворска, а можеби и смртна казна.
Се разбира, не секој прекршок поврзан со дрога ќе биде санкциониран со најстрога казна, но предупредувањето важи за да се знаат законите во земјата домаќин на Мундијалот. Амбасадите на странските земји немаат моќ кога станува збор за кршење на законите за дрога, па затоа странците треба да си знаат што ги чека.
Кон консумирањето и продавањето на било каква дрога, Катарците имаат нулта толеранција. Кокаинот е дрогата која најчесто се користи на стадионите, но на фановите овојпат подобро ќе им биде да не се обидуваат да ги прекршат правилата.