Предупредување за Бразил, Парагвај во 2011 без добиен меч дојде до финале

На Копа Америка во 2011 година, репрезентацијата на Парагвај не доби ниту еден натпревар во регуларниот дел или после 120 минути игра, а сепак дојде до финалето на континенталниот шампионат. Ова треба да биде сериозно предупредување за Бразилците, особено што „кариоките“ на тоа првенство пред осум години испаднаа токму од Парагвај.

На Копа во 2011, Парагвај во групната фаза одигра три нерешени дуели, со Еквадор, Бразил и Венецуела, но и тие три бода му беа доволни за место во четвртфиналето. Во нокаут фазата, во четвртфиналето, Парагвајците повторно се сретнаа со Бразил, и после 0-0 по 120 минути, славеа на пенали со 2-0. Потоа во полуфинаето на пенали ја средија и Венецуела, и така, без победа за која во лига би добиле три бода, стигнаа до финалето. Таму, играа со Уругвај на Суарес и Форлан, и загубија со 0-3.

Теоретски, и годинава како во 2011, можно е Парагвај да игра полуфинале со Венецуела и финале со Уругвај.

- Оглас -

Најнови вести