Калчолигашите добија предупредување до Министерството за здравство дека само еден позитивен тест на kовид-19 ќе биде доволен за да се прекине фудбалот. Владата денес го испорача протоколот кој Фудбалската федерација на Италија мора да го спроведе пред екипите да почнат со групни тренинзи од следниот понеделник.
„Единствената причина што засега настојуваме сезоната во Серија А да продолжи е поради екомонскиот фактор. Но, нема сомнежи дека ако се појави само еден позитивен тест на ковид-19, целиот клуб автоматски ќе се стави во карантин, а воедно ќе спречиме доигрување на првенството. Доколку ние не реагираме и не спречиме да се играат мечеви, самиот вирус ќе го стори тоа“, изјави министерската за здравство, Сандра Ѕампа.
За разлика од Бундеслигата, каде што според протоколот, позитивниот играч или член на тимот се сместува во самоизолација, Италијанците се поригорозни.