Предупредување за Спартанците, не освоија ниту сет против Данска

После двете убедливи победа на стартот, македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва во Струмица загуби од Данска со 0-3 во сетови, и ова е сериозно предупредување дека нема да биде лесно да се освои Европската Сребрена лига.

Македонија загуби со 21-25, 23-25, 24-26, во сите три сета беше тука некаде, но Данците беа поумешни и неочекувано убедливо победија, па сега тие се фаворити за првото место во групата А. Нашиот национален тим има две победи и еден пораз после трите меча на свој терен.

Сега од 28-ми до 30-ти мај во дански Шлагелсе треба повторно да играме со Данска, Израел и Кипар, а на 5 и 6 јуни е она главното, завршницата на Сребрената лига во која ќе играат Македонија, Данска, Унгарија и Хрватска или Австрија, која повторно ќе се игра во Струмица.

- Оглас -

Најнови вести