Предвреме го отпишуваа, Мареј освои силен турнир

Британскиот тенисер Енди Мареј го победи Станислас Вавринка со 3-6, 6-4, 6-4 во финалето на турнирот во Антверпен и ја освои својата прва титула по две и пол години. Некогашниот лидер на светската ранг-листа се врати на терените по операцијата на колкот во јануари и докажа дека ако нема здравствени проблеми, местото му е при врвот.

Мареј и Вавринка се сретнаа во финале по 11 години. Швајцарецот поведе со 1-0 во сетови, а имаше и предност во вториот, но 32-годишниот противник одговори со иста мерка и го најави пресвртот.

И третиот сет беше драматичен, а финалето траеше два часа и 28 минути.

- Оглас -

Најнови вести