Преговорите меѓу Салах и Ливерпул заглавија – Можна е продажба на лето

Мохамед Салах изминативе години се етаблираше како еден од најдобрите играчи во Ливерпул, но постои можност тој претстојново лето да биде продаден.

Неговите агенти изминатиов период преговараат со раководствтото на Ливерпул за нов договор, но нема напредок, а трпението истекува и кај двете страни.

Салах во моментов има договор со тимот кој му истекува летото 2023 година а неговите неделни примања се 240 илјади евра неделно. Според информациите, тој сака да биде убедливо најплатен фудбалер во екипата со 400 илјади евра неделно.

Останува да се види каков ќе биде епилогот и дали двете страни ќе се договорат или ќе следува продажба на Египјанецот.

- Оглас -

Најнови вести