4.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Преговорите помеѓу Барселона и Марк Гехи пропаднаа уште пред да започнат

Дефанзивецот на Кристал палас, Марк Гехи, налето ќе биде слободен фудбалер бидејќи му истекува договорот, па буквално половина Европа се тепа за неговиот потпис. Една од екипите која го посакуваше во своите редови беше и Барселона, но до таков трансфер нема да дојде.

Раководството на Каталонците веќе остварило телефонски разговор со фудбалерот и со неговиот агент, но веднаш биле одбиени со образложение дека Гехи не е заинтересиран за трансфер во Барселона.

Сега во трката за потписот на англискиот дефанзивец остануваат Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи, Тотенхем, Интер, Јувентус и Реал Мадрид. Од друга страна, Кристал палас очајно се обидува да му го продолжи договорот или да го продаде уште во јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести