Најпознатиот француски спортски весник, „Л‘екип“, објави дека нема никакво поместување во разговорите помеѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе.
Светците се на став дека ќе го продадат Мбапе уште летово доколку тој не го продолжи договорот. Клубот барал од Мбапе да си го одржи ветувањето кое им го дал, а тоа е дека нема да си замине бесплатно, без ПСЖ да добие отштета.
Напаѓачот сака да остане барем уште една сезона, за што би добил огромна сума пари (80 милиони евра) поради „клаузула за верност“ во договорот, а потоа во летото 2024 да биде слободен. Во ПСЖ се плашат од можноста Мбапе да биде слободен бидејќи така може да останат со празни раце и да останат без ѕвездата без никаков финансиски надомест.
Во Реал Мадрид чекаат расплет од ситуацијата и дури потоа би реагирале со понуда за Мбапе или ќе бараат друго, веројатно привремено решение за нападот.