Преговорите се водат на претседателско ниво: Осимен пред трансфер во ПСЖ

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, и неговите претставници биле на директни преговори со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, за трасферот на напаѓачот Виктор Осимен.

Се очекува 25-годишниот нигериски репрезентативец да биде продаден за голема сума ова лето, а ПСЖ е подготвен да ја плати откупната клаузула од 130 милиони евра.

Голем број клубови се заинтересирани за потписот на Осимен, вклучувајќи ги Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед, а Де Лаурентис јасно стави до знаење дека Наполи не е подготвен да направи никакви отстапки бидејќи сака да биде платена отштетната клаузула.

Пари Сен Жермен се обидува да го амортизира заминувањето на првата ѕвезда Килијан Мбапе, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести