Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, можно е да направи изненадувачки трансфер и да се пресели во Саудиска Арабија. Тој во редовите на Црвените ѓаволи пристигна во 2020 од Спортинг Лисабон за фиксна сума од 55 милиони евра и дополнителни 25 милиони евра во бонуси, но и дополнителни 10% за Португалците од неговиот следен трансфер.
На негова адреса пристигната е понуда од Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, кој е сопственик на најголемите четири клуба во оваа земја. Откако неговиот менаџерски тим ја разгледа понуда, веќе се започнати и преговорите за евентуален трансфер, а сигурно дека и Манчестер јунајтед добро ќе профитира, со оглед дека Бруно Фернандеш има договор до 2026 година.